Помош


Како да се регистрирам?

За да го користите сервисот мора првин да се регистрирате. Тоа се прави преку формата десно "Направи CV" каде што е потребно да внесете корисничко име, кое понатаму ке ви служи за логирање, потоа лозинка и ваш личен e-mail на кој ке ви биде пратен активационен код без кој нема да може да го користите CV-то.

Како да го активирам CV-то?

Откако ке се регистирате, на вашиот e-mail ќе пристигне порака со линк до страната за активација. Со само кликање на овој линк, вие веќе сте го активирале CV-то и тоа ке стане достапно на сајтот. Доколку пораката не се појавува побарајте во Spam ili Junk фолдерот.

Како да направам CV?

Веднаш по регистрацијата ќе ви се отвори форма на CV со празни полиња кои треба да ги пополните со ваши податоци (Име и презиме, телефон, град...) Откако ке завршите со пополнување на полињата со клик на копчето "Сочувај" го зачувувате вашето CV, кое веднаш може да го видите со клик на копчето "Преглед на CV". CV-то може да го изменувате понатаму кога сакате и колку сакате со кликнување на копчето "Креирање на CV".

Кои се предностите на Jas.mk?

Со самото креирање на ваше CV, вие веќе го имате достапно онлајн, и може да го праќате во вид на линк (www.jas.mk/korisnicko-ime). Исто така во било кое време го имате достапно во вид на PDF и Word документ. Потоа, за менување на податоци во CV-то не ви е потребен никаков софтвер. И на крај, со тоа што вашето CV постои онлајн, лесно може да ве најдат, дали тоа ке биде преку пребарувачот Google или пак пребарувачот на Jas.mk, се разбира доколку како опција имате изберено CV-то да е јавно.

Што значи "Jавно CV"?

Доколку од опциите при креирање на CV-то изберете "Јавно CV", тоа ке стане достапно за гледање од сите корисници и ке се појавува во резултатите од пребарување, но доколку изберете тоа да не е јавно и поставите код за заштита, тоа може да ви служи за CV-то да го гледаат само одреден број на луѓе, на кои при праќање на линк до CV-то ќе мора го пратите и кодот.